РАСПОРЕД ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО ПРВА ГОДИНА ВО УЧЕБНАТА 2020/2021 ГОДИНА ПО АЗБУЧЕН РЕД
Запишувањето на ученици во прва година во учебната 2020/2021 во ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид ќе се одржи во училиштето на 16, 17 и 18 јуни од 07 часот до 19 часот, а на 19 јуни од 07 часот до 13 часот.
Запишувањето ќе се врши според следниот азбучен ред:
- 16 јуни прием на документи на ученици чии презимиња започнуваат од А до Ж
- 17 јуни прием на документи на ученици чии презимиња започнуваат од З до М
- 18 јуни прием на документи на ученици чии презимиња започнуваат од Н до Ќ
- 19 јуни прием на документи на ученици чии презимиња започнуваат од У до Ш и сите ученици кои поради различни причини не успеале да се запишат во претходните три термини, без разлика на презимето.

