Отворен ден за промоција на средното стручно образование во РЦСОО„Ванчо Питошески“-Охрид

Отворен ден за промоција на средното стручно образование во РЦСОО„Ванчо Питошески“-Охрид

📚Како дел од проектот „Учи паметно, работи стручно“ на МОН, на ден 14.05.2021година се одржа отворен ден за промоција на средното стручно образование во Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“-Охрид.

👉Во рамките на отворениот ден присутни беа министерката за образование и наука – Мила Царовска, Градоначалникот на Општина Охрид- Константин Георгиески како и голем број на ученици од деветите одделенија и нивните родители на кои им беа презентирани струките и образовните профили за учебната 2021/22година.

🏫Преку системот на дуално образование учениците се стекнуваат со потребната пракса, а компаниите со квалификуван стручен кадар кој е подготвен да одговори на работните задачи од соодветната струка