Успешно реализирана мобилноста– двонеделна пракса во рамки на проект на Junior Achievement Macedonia поддржан од ЕРАЗМУС- Програма за хотелска пракса (ПХП)
Во периодот од 01.09-15.09.2021година успешно беше реализирана мобилноста- двонеделна пракса во рамки на проект на Junior Achievement Macedonia поддржан од ЕРАЗМУС- Програма за хотелска пракса (ПХП). Од ДСУ РЦСОО„Ванчо Питошески“- Охрид во проектот беа вклучени 5 ученици и 1 ментор, кои реализираа практична настава во реални услови во хотелскиот комплекс (ресорт) „Бела Лагуна“ Албена Р.Бугарија.
Вклучени ученици во проектот:
– Ангел Камчески- угостителски техничар
– Благојче Сугарески- угостителски техничар
– Иво Колески- угостителски техничар
– Марко Настески- угостителски техничар
– Теодора Црвенкоска- угостителски техничар за рурален туризам
Ментор: Анита Чачоровска
Целта на проектот е учење едни од други, како и надоградување и стекнување искуства, практички знаења и вештини од областа на угостителството и туризмот.
Проектот од мобилноста покрај едукативен имаше и социјален, културолошки и забавно-рекреативен карактер.
За време на практичната работа учениците имаа можност да ги прошират своите знаења и вештини и компетенции за работење кои ќе им користат во угостителството и туризмот.



















