РИБИНА ЧОРБА ЗА ДЕНОТ НА РИБАРИТЕ

РИБИНА ЧОРБА ЗА ДЕНОТ НА РИБАРИТЕ

Подготовката на 1600 литарската рибина чорба од 400 кг лосос, за Денот на рибарите траеше три дена.

Четврта година по ред, по стариот добро познат рецепт со 400 килограми лосос, професорите и учениците од охридското средно угостителско училиште „Ванчо Питошески“, се потрудија и на охриѓани и бројните гости, им зготвија и послужија деликатесна рибина чорба.

Corba 2
Corba 1

 

 

 

 

 

 

Подготовката на чорбата стана рутина, рецептот се покажа добар и не се менува. Во подготовката на чорбата којашто беше во самото училиште, учествуваа околу 15 ученици, 8 професори и кадар од нашето училиште.