Претседателот на Владата на Р. С Македонија Димитар Ковачевски беше во работна посета во Охрид за да изврши увид во работите на реконструкцијата на РЦСОО “Ванчо Питошески“

Претседателот на Владата на Р. С Македонија Димитар Ковачевски беше во работна посета во Охрид за да изврши увид во работите на реконструкцијата на РЦСОО “Ванчо Питошески“

👉Претседателот на Владата на Р. С Македонија Димитар Ковачевски беше во работна посета во Охрид за да изврши увид во работите на реконструкцијата на Државното средно училиште и Регионален центар за стручно образование и обука “Ванчо Питошески“. Со повеќе од 108 милиони денари од буџетот на Министерството за образование и наука целосно се реновира училишниот објект, вклучително и ученичкиот дом кој е дел од овој регионален центар. Предвидено е и да се набави врвна професионална опрема за практична работа за усовршување на стручноста на учениците во угостителството и врвното хотелиерство.

✅ Самата реконструкција ги вклучува следните градежни активности:

– Комплетно поставување на кровната конструкција на ученичкиот дом и училишната зграда

– Поставување енергетско ефикасна фасада

– Комплетна промена и поставување нова столарија

– Комплетна промена на подови

– Поставување нова електро-водоводна канализациона инсталација

– Поставување сончеви колектори

– Партерно уредување

– Набавка и поставување на опрема во кабинети и училници