Во рамките на ЕРАЗМУС+ проектот „Учи и подели“, во посета на државното средно училиште, РЦСОО„Ванчо Питошески“-Охрид, се гостите од Хрватска од средното стручно училиште од Винковци

Во рамките на ЕРАЗМУС+ проектот „Учи и подели“, во посета на државното средно училиште, РЦСОО„Ванчо Питошески“-Охрид, се гостите од Хрватска од средното стручно училиште од Винковци

Во рамките на ЕРАЗМУС+ проектот „Учи и подели“, во посета на државното средно училиште, Регионален центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“-Охрид, се гостите од Хрватска од средното стручно училиште од Винковци („Srednja strukovna škola Vinkovci“).

Четворица наставници ќе престојуваат една недела во Охрид и во тој период заедно со своите домаќини ќе присуствуваат на работилници, практична настава и ќе разменуваат искуства за образовниот процес во Хрватска и Македонија заедно со своите колеги од угостителското училиште од Охрид.

Во склоп на проектот десет ученици и еден наставник по стручни предмети ќе обавуваат практична обука во повеќе реномирани угостителски објекти во Охрид.

Ова е продолжување на плодната соработка помеѓу збратимените градови Охрид и Винковци, како и помеѓу двете стручни училишта.