МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК

МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК

По повод 21 февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, се организираа низа активности:
– трибина на тема: „Да го чуваме, негуваме и сакаме мајчиниот јазик“;
– беше прикажан документарен филм за Кирилицата и Словенската писменост во Македонија: „Кирилицата по врвицата на словенската писмена традиција во Македонија“;
– поетско читање

MJ2Организатор на настанот е Средношколската младинска организација.
Настанот го отвори директорката, Весела Темјаноска, модератори на трибината и презентери на филмот беа професорите по македонски јазик и литература: Мирјана Зафировска и Перчо Божиновски, додека носители на поетското читање беа членовите од литературната и рецитаторската секција.

MJ3
21 февруари, УНЕСКО го прогласи за Светски ден на мајчиниот јазик, на Генералната конференција во 1999 година.
Во светот денес се зборуваат околу 6.500 јазици, а на околу половина им се заканува исчезнување во многу делови од светот.

MJ4
Јазиците се најмоќните инструменти за зачувување и развивање на нашето материјално и духовно наследство.
Сите настојувања да се промовира ширењето на мајчиниот јазик ќе послужат да се развие целосно свеста за јазичните и културните традиции низ светот и да ги инспирира за солидарност врз основа на разбирање, толеранција и дијалог.

MJ5
Главна цел на ова одбележување е да се подигне свеста кај младите и идни генерации за употреба на македонскиот литературен јазик, како и да се укаже на безбројните грешки во секојдневната јазична комуникација.

MJ6
Како младите да го употребуваат стандардниот македонски јазик, затоа што токму преку јазикот покажуваме кои сме и што сме.
Треба свесно дејствување да се бара кај оние кои директно влијаат на јазикот, особено воспитно-образовниот процес, медиумите и јавните личности.