Домаќини на 11-от меѓународен натпревар GATUS 2023

Домаќини на 11-от меѓународен натпревар GATUS 2023

Во период од 28 Септември до 1 Октомври Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“-Охрид беше домаќин на 11-тиот меѓународен натпревар на ученици од угостителски и туристички училишта (GATUS 2023).

На натпреварот учествуваа вкупно 15 училишта од земјите од поранешните југословенски републики :

– Марибор, Ново Место и Радовљица (🇸🇮 Словенија)

– Опатија, Осијек и Сплит (🇭🇷 Хрватска)

Бања Лука и Приједор (🇧🇦 Босна и Херцеговина)

– Белград, Смедерево и Лесковац (🇷🇸 Србија)

– Бар и Херцег Нови (🇲🇪 Црна Гора)

– Охрид и Македонски Брод (🇲🇰 Македонија)

🏨 Во хотелот „Метропол- Белви“- на брегот на Охридското Езеро во дисциплините :

– Угостителско послужување

– Готварство

– Подготовка на туристички аранжмани (со посебен нагласок на планинскиот,рурален туризам)

се натпреваруваа околу 200 учесници.

Учениците од РЦСОО„Ванчо Питошески“-Охрид освоија 2 златни и 1 сребрен медал во следните дисциплини :

🥇 ГОТВАРСТВО

– Никита Мишевски

– Валентин Матоски

– Антонио Мицески

ментор: Војо Ангелоски

🥇 ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАНИ

– Петар Ѓорѓиев

– Христина Кушлаковиќ

– Бранкица Велевска

ментор: Јелиз Караман Бешир

🥈 ПОСЛУЖУВАЊЕ

– Константин Мурговски

– Филип Јордановски

– Христијан Крчов

ментор: Елена Спировска

На најдобрите и највештите учесници- ученици и ментори им беа доделени златни, сребрени и бронзени дипломи.

За сите учесници , беа организирани посети на најзначајните споменици на историјата и културата во стариот дел од градот, манастирскиот комплекс „Свети Наум“ и локалитетот- наколно живеалиште „Залив на коските“.

📍 Домаќин на следниот натпревар ГАТУС 2024 , ќе биде градот Осијек- Хрватска