Средба на Средните стручни, земјоделски и специјални училишта кои во свој состав имаат ученички домови од Македонија, Бугарија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина

Од 15 до 17 ноември 2024 година во Софија – Република Бугарија, во рамките на Здружението на ученички и студентски домови од југоисточна Европа, се одржа средба на Средните стручни, земјоделски и специјални училишта кои во свој состав имаат ученички домови од Македонија, Бугарија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Свое излагање имаше и В.Д. Директорот на РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид – Тони Андрески кој ги запозна присутните со Регионалниот центар и ученичкиот дом кој работи во негов состав.




