Прва размена од проектот ,,A BRIDGE CONNECTING TWO LAKES“, посета на Бор,Р.Србија

Прва размена од проектот ,,A BRIDGE CONNECTING TWO LAKES“, посета на Бор,Р.Србија

Проектот ,,A BRIDGE CONNECTING TWO LAKES“ , еден од 45-те избрани најдобри проекти беше изработен во соработка меѓу РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид и ,,УЧИЛИШТЕ ЗА ЕКОНОМИЈА И ТРГОВИЈА“ – БОР, Република Србија.

Во период од 24-30 ноември, 12 ученици предводени од координаторите на проектот психолог Даница Скрческа и наставник Сања Митаноска беа во посета на Бор, Република Србија.

Деновите поминати во Бор беа исполнети со учење , соработка, дружење и пријателство.

Првиот ден започнавме со меѓусебно запознавање и работилници за Младински активизам, каде што споделувавме идеи и заеднички креиравме решение за позитивни промени во нашите заедница.

Вториот ден беше посветен на гастрономските традиции на нашите краишта, со дегустација на јадења и размена на приказни кои ги придружуваат. Попладневните активности беа обележани со теми на националните малцинства во Бор, нагласувајќи ја важноста на меѓукултурниот дијалог и разбирање.

Третиот ден учениците ги истражуваа природните убавини и традиции на руралните области на Бор, а особено беше истакната улогата на туристичките техничари од училиштето од Бор кои ги претставија локалитетите што ги посетивме.

Четвртиот ден учениците креираа и спроведоа анкета за меѓукултурен дијалог, анализираа фотографии во рамките на фото-игра и ги споделија своите впечатоци со локалните медиуми.

Петтиот ден на дружење меѓу учениците помина во анализа на резултатите од анкетата и се креираа планови за идна соработка преку on-line клуб,,Мостови“ @club_bridges , кој беше создаден од учениците пред да се остварат средбите.

Во знак на трајно сеќавање на ова искуство засадивме дрво на пријателство пред училиштето, а вечерта беше резервирана за вежбање на заедничка песна која заедно ја дизајниравме и за меѓусебно и убаво дружење.

Втората мобилност на учениците ќе биде во Охрид, на која ние ќе бидеме домаќини, а ќе се одвива во период од 23 март-29 март 2025 година.

Проектот е финансиран од Европската унија, а е организиран од Regional Youth Cooperation Office – RYCO (Регионална канцеларија за соработка на млади) и Германската канцеларија за меѓународна соработка (GIZ).