Хуманитарен новогодишен настан:„Дојди, вкуси,израдувај!“

Хуманитарен новогодишен настан:„Дојди, вкуси,израдувај!“

👉Со цел да се разбуди хуманоста во овој празничен период и да се подари насмевка на нечии детски лица , под мотото „ДОЈДИ, ВКУСИ, ИЗРАДУВАЈ!“, психологот на училиштето Даница Скрческа заедно со Ученичката заедница при РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид, организираа хуманитарен новогодишен училиштен настан.

✅За успешна реализација на настанот придонесе и активното вклучување на стручните наставници: Војо Ангелоски, Елена Спировска и Катерина Џамбазовски, кои заедно со учениците приготвија домашни деликатеси и топли напитоци, а присутните имаа можност да посведочат за прекрасниот вкус на приготвеното.

Настанот беше збогатен со забавна музичка програма во изведба на учениците, рачни изработки, како и празнични декорации создадени со љубов.

Собраните средства на настанот беа наменети за новогодишни пакетчиња кои ќе бидат подарени на дечиња од социјален ризик.

Ученици кои активно се вклучија во реализација на настанот,се:

Вероника Ѓуракова

Бајрам Далипоски

Гани Рапоски

Иво Ќосески

Андреа Билбиловска

Ивона Илијоска

Викторија Илијоска

Ленче Кузева

Јован Андов

Панде Кочески

Ивона Кочоска

Лука Манчевски

Филип Србиноски

Тамара Црвенкоска

Атиџе Луманоска

Марко Настовски

Кристијан Нестороски

Армин Абас

Алберт Луманоски

Ибрахим Фазли

Драгана Настеска

Мартин Славески