Успешно спроведена пилот програма за валидација на неформалното и формалното учење за возрасни

Успешно спроведена пилот програма за валидација на неформалното и формалното учење за возрасни

Во Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ успешно беше спроведена пилот-програмата за валидација на неформалното и информалното учење за возрасни под експертизам на ЕУ за млади и We Global.

Во рамките на програмата учество зедоа четворица кандидати кои се здобија со сертификати за стекнатите знаења, вештини и компетенции во неформалното и информалното учење, согласно дефинирани критериуми, а во согласност со стандардот за квалификација.

Во проектот беа вклучени следните професори од наставниот кадар на РЦСОО„Ванчо Питошески“:

– в.д директор: Тони Андрески

– координатор за образование на возрасни: Маринела Радеска

– советници: Александра Николеска, Лазо Дуноски

– проценувачи: Милена Илијевска, Васил Талевски, Елена Спироска, Катерина Џамбазовски

-кариерен советник: Анита Чачоровска

– референт за вонредни испити: Елизабета Укоска