Ученичката заедница со работилница за ретките болести
Преку пораката: „Ретките болести можат да влијаат на мал број луѓе, но нивната тежина е голема. Поддршката, свесноста и истражувањето се клучни за подобар живот на оние што се погодени. Заедно можеме да создадеме подобра реалност за сите!“, Ученичката заедница при РЦСОО „Ванчо Питошески“- Охрид, заедно со психологот на училиштето Даница Скрческа преку работилница се приклучија кон Кампањата за поддршка на лицата со ретки болести.








