Состанок со претставници на Младинскиот Центар- Охрид

Состанок со претставници на Младинскиот Центар- Охрид

На ден 11.02.2025 година во просториите на РЦСОО „Ванчо Питошески“- Охрид се оствари продуктивен состанок со претставници на Младинскиот Центар- Охрид и представници на ученичката заедница на РЦСОО „Ванчо Питошески“- Охрид.

На состанокот претставниците на Младинскиот центар – Охрид ги споделија можностите за соработка, се разменија идеи за заеднички активности и се отвори простор за нови иницијативи.

🔹 Што разговаравме?

✅ Претставување на Младински Центар Охрид и ученичката заедница

✅ Идеи за работилници, креативни настани, волонтерски акции и дебати

✅ Поддршка за средношколците – простор, менторство, логистика

✅ Предлог за „Средношколски ден во Младинскиот Центар“

🔜 Што следува?

👉 Дефинирање конкретни чекори за соработка

👉 Организирање на први заеднички активности

👉 Следен состанок за понатамошно планирање