ВТОРО МЕСТО НА ОПШТИНСКИОТ НАТПРЕВАР ПО ПРВА ПОМОШ
Екипата на ОУТУ „Ванчо Питошески“ на 44 Општински натпревар по Прва медицинска помош во организација на Црвен Крст – Охрид го освои второто место.

На натпреварот екипите од средните училишта на градот ги покажаа своите способности, вештини и знаење на повеќе места,

одвивајќи се на пунктови распределени од градскиот плоштад, по кејот Македонија до Холандскиот парк.
Натпреварите ги следеа 15 лиценцирани судии по Прва помош.

