ВТОРО МЕСТО НА „ПРЕТПРИЕМАЧ – ДА СЕ БИДЕ ИЛИ НЕ?“

ВТОРО МЕСТО НА „ПРЕТПРИЕМАЧ – ДА СЕ БИДЕ ИЛИ НЕ?“

Учениците Анастасија Чутрова, Игор Дуноски, Елеонора Дукова, Георгиј Нечев и Трајанка Здравева под менторство на проф. Перчо Божиновски со бизнис идеја: За туристичка агенција како општествено одговорна организација од реалниот бизнис сектор го освоија второто место на средношколскиот натпревар кој е завршна активност од истоимениот проект кој се реализираше од мај 2015 до септември 2015.

12049439_10153204611827993_1171235408314826612_n   12032211_10153204612252993_310034134618525906_n

Целта на проектот е да се подобри квалитетот на претприемничкото учење во средните стручни училишта во Охрид и Струга преку обуки со наставниците и учениците и соработка со бизнис заедницата.

На натпреварот се натпреваруваа 4 тимови од средните училишта во Охрид и Струга. Пред секој тим беше поставен предизвик од реалниот бизнис сектор, и задача да го трансформираат бизнисот од класичен во одговорен бизнис и на тој начин да го решат предизвикот.

Изборот на најдобар предлог го направи комисија составена од локални претприемачи.

12039598_10153204611332993_587600683636659053_n   12006164_10153204615287993_3895413025834897485_n

Претходните активности вклучуваа: Организирање на посети на 5 локални успешни фирми каде учениците на лице место сретнаа различни бизниси, и директно разговараа со сопствениците. Летен тридневен камп во Охрид, на кој учествуваа 40 млади од цела Македонија. Средношколците за првпат ја идентификуваа разликата помеѓу барање работа и создавање бизнис, кои се неопходни вештини за еден претприемач и која им е перспективата зависно од тоа кој пат ќе го одберат.

   12049154_10153204615002993_6054212047540198319_n   12046797_10153204614887993_4685140747640406028_n

Проектот e реализиран од Локалата Агенција за Развој: www.ldastruga.org

Поддржан е преку Мрежата за поддршка на млади претприемачи: www.yes-network.org