СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВНА ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“

СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВНА ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“

Покажувајќи ја својата хуманост Училиштето даде свој придонес со поддршка за спортско-рекреативната хуманитарна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ во организација на „Црвен Крст“ – Охрид.

12109020_1696565757247670_1020021097209615858_nУчениците од Младинската организација како волонтери беа вклучени во целокупната организација на настанот, додека пак професорката Катерина Стојаноска беше одговорна за учеството на спортските игри со учениците од паралелките за ракомет, фудбал и кошарка презентирајќи ги спортските способности и вештини на присутните.

12143302_1697321817172064_8145757368202100322_n

Под мотото „Дружи се, спортувај, забавувај се, биди хуман!“ тие учествуваа на спортските игри на Градскиот плоштад со цел да се донираат средства за помош на најранливите категории во зависност од нивните потреби.

12072640_1697321730505406_4136482029977433238_nВо Училиштето како и на самиот настан во хуманитарната продажба учениците и професорите купија учеснички броеви – купони по симболична цена од 30 денари и не само што ја помогнаа акцијата тука имаат можност да добијат и вредни награди! Нашата цел и во иднина ќе биде да ја покажеме нашата хуманост на дело.