ПАТРОНАТ – 18 ОКТОМВРИ 2015
Свечено одбележувајќи го патрониот празник – 18 Октомври, учениците и професорите од ОУТУ „Ванчо Питошески“, организираа низа пригодни активности:
- положување свежо цвеќе на патронот
- свечен коктел во духот на традиционалната македонска кујна подготвен и послужен од страна на учениците под менторство на стручните професори
- презентирање на наградените трудови на учениците од одржаните натпревари.
Во рамките на одбележувањето на патрониот празник беа организирани спортски игри, турнири во мал фудбал, ракомет и кошарка, како и хуманитарна акција за „Недела против гладта“. Програмата беше збогатена и со неколку музички точки.

Нека ни е честит Патронот!





