ПЛАКЕТА И ДИПЛОМА НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА ВО ЧЕСТ НА ВАСИЛ ИЉОСКИ
Освоено II место на литературниот конкурс во проза на тема „Животот и делото на Васил Иљоски“ со ученичката од прва година – Анастасија Крстаноска под менторство на професорот по македонски јазик и литература – Перчо Божиновски.
Манифестација по повод одбележувањето 20 години од смртта на Васил Иљоски во Домот на култура во Крушево.
Под името „Крушево за Васил Иљоски“, Здружението на граѓани „Академик“ од Крушево, како роден град на авторот го започнува месецот посветен на Иљоски.
Наманифестацијата се промовираа монографија и изложба како и свечено доделување плакети на победниците и дипломи на менторите од литературниот конкурс посветен на Иљоски, на кој учествуваа ученици од основните и средните училишта низ цела Македонија.
Исто така се покренува иницијатива за театарски фестивал „Васил Иљоски“, кој од следната година би се одржувал во Крушево.
Проектот „Одбележување на 20-годишнината од смртта на Васил Иљоски“ го поддржа Министерството за култура на Република Македонија, како проект од национален интерес од областа на културата за 2015 година.



