ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА БОЛЕСТИ НА ЗАВИСНОСТ

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА БОЛЕСТИ НА ЗАВИСНОСТ

Стручно предавање на тема: „Болести на зависност – алкохолизам, никотизам и наркоманија“ во организација на „Црвен крст“ – Охрид. 2

Преку мултидисциплинарен пристап од областа на превенцијата, акцентирајќи го притоа јакнењето на здрави животни вештини, комуникација, асертивност, антиципација на здрави животни избори и одговорност кај учениците организаторите на предавањето Мимоза Ставрева, секретар на ЦК Охрид, и предавачот д-р Соња Стурлакова-Димоска ги запознаа учениците за овие три видови болести на зависнот.

1

На пристапен начин, со користење на презентации, беа опишани начините на започнување со земање опојни средства. Исто така беа опишани и објаснети последиците од дејството на алкохолот, никотинот, опојните дроги, преминување од еден на друг вид дрога.

3

Беа опишани разни видови дроги: марихуана, хашиш, хероин, кокаин и растенијата од кои се добиваат синтетските дроги, како и последиците од нивното користење што можат да бидат од траен карактер.

4На крајот беше оставен простор за поставување прашања.