ПОРТОКАЛОВА ПАНДЕЛКА #HeForShe – #СТАВИ ТОЧКА
Младинската организација се вклучи во кампањата#ОrangeТheWorld за одбележување на „Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените и девојките“, како дел од глобалниот #16ДенаАктивизам, што трае до 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права во организација на Делегацијата на ЕУ и канцеларијата на ОН во Македонија.
Под мотото „Обој го светот во портокалово, #СтавиТочка“ и „#HeForShe“ денеска во дворот на Училиштето учениците и професорите формираа голема „портокалова панделка направена од луѓе“ со цел симболизирање посветла иднина во која нема место за насилство.
Во подготовката се давааа насоки за потребните ресурси коишто учениците ги искористија: креди, долга портокалова лента, портокалови листови, маркери, хамери и фломастери.
Без големата мотивација на учениците и нивната желба до реализација немаше да биде сето тоа остварливо.
Заклучокот е дека само така заедно здружени може да се запре и да се застане против родово-засновано насилство.
Честитки и благодарност за учениците како главни актери за флеш-мобот.

