„СВЕТИ КЛИМЕНТОВА НАГРАДА“ – 8 ДЕКЕМВРИ-ПАТРОН НА ГРАДОТ
Под шифрата „Триконхос“ со наслов „Охрид во чест на Свети Климента“, ученикот Сергеј Костовски освои највисока награда
Награда за најдобра литературна творба на литературниот конкурс по повод 8 Декември – Денот на Свети Климент Охридски – Патронот на Охрид, распишан од градоначалникот Никола Бакрачески за учениците од охридските основни и средни училишта доделена на пригодна свеченост што се одржа во куќата на Уранија.
Ученикот Сергеј Костовски со трудот „Охрид во чест на Свети Климента“, под менторство на професорот по македонски јазик и литература Перчо Божиновски, за првонаградената
творба на ниво на средни училишта во конкуренција на 54 литературни творби, освои вредносен бон со износ од 3000 денари.

„Охрид во чест на Свети Климента“, под шифра „Триконхос“, може да ја преземете и прочитате на: http://www.ohrid.gov.mk/index.asp?PodatociID=5381
или ТУКА.



