ФИСКАЛНА ЕДУКАЦИЈА НА МЛАДИТЕ
Едукативно предавање за учениците од трета година на тема: „Општо запознавање со Даночниот систем на РМ“, во рамките на проектот „Фискална едукација на младите“ во организација на УЈП и МОН.
Средношколците како дел од младата популација, идни студенти и академски граѓани на Македонија, имаа можност да добијат појасна слика и визија за тоа што претставува данокот и која е општествената корист од плаќањето на даноците.
Преку практичните искуства пренесени од страна на даночните експерти, учениците одблиску се запозна со:
Какви видови даноци постојат?
Зошто УЈП ги собира даноците?
Каква е користа од плаќањето на данокот за сите нас?
Како и каде се плаќа данокот?
Целта е да се создадат предуслови за градење на социјално-свесни и совесни даночни обврзници.

