21 март – Ден на екологијата и Ден на поезијата
По повод 21 март – Ден на еколошката акција на младите на РМ, како и Светскиот ден на поезијата,
Училиштето организира низа активности за учениците и вработените:
– расчистување на дворот околу училиштето и домот,
– уредување на училниците и кабинетите,
– засадување садници,
– читање ученички трудови на учениците од литературната секција на теми поврзани со екологијата,
со што симболично беше означен почетокот на пролетта.
Сите активности имаа за цел поттикнување еколошка и естетска свест кај младите.

