ВТОРО МЕСТО – ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР РАКОМЕТ
Во спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти, трета година по ред се одржа општински натпревар во ракомет меѓу охридските средни училишта.
Во финалето ОУТУ „Ванчо Питошески“ загуби од ОСУ „Св.Климент Охридски“ со резултат 14:19.
Покрај натпреварувачкиот карактер, целта на натпреварот беше и дружење меѓу учениците, промовирање здрав живот и негување на спортскиот дух. 

