ЧЕТИРИ ЛИТЕРАТУРНИ МАНИФЕСТАЦИИ

ЧЕТИРИ ЛИТЕРАТУРНИ МАНИФЕСТАЦИИ

Учество на поетскиот караван „Четири литературни манифестации“: Млади творци поезија, Млади творци проза, Македонска лирска поезија и Прозно перо во манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино. 13084270_10209229306919467_664208514_nНа поетскиот настан по претходно распишан конкурс и селекција поради големиот број пријавени литературни творби, право на учество добија 5 ученици заедно со менторот проф. Перчо Божиновски. 13059771_10209229235717687_1314225322_nВо светите простории на манастирот „Св. Ѓорѓи“ во еден ден, на едно место, сите љубители на убавиот пишан збор и поети и писатели и млади и возрасни ја воздигнаа литературата и духот кој е двигател на прогресот преку убавите духовни рожби. 13059302_10209229258198249_906341791_nЧленови на жирито беа истакнати поетски творци како Виолета Сековска – поетеса на годината, Гордана Коцева – автор и администратор на повеќе поетски групи, Иван Котев – најпознат собирач и проучувач на македонското фолклорно творештво, Мирко Томовски – поет и писател за деца и возрасни, Никола Илијовски – писател од поновата генерација и Милица Паулус – поетеса, организатор, претседател на жирито и манифестациите, донатор на дипломите, трофеите и нивно гравирање. 13089989_10209229219357278_1805610677_nВодител на манифестацијата беше шармантната Стефанија Темелковска. Резултати по манифестации и категории:
13081720_10209229221317327_269003315_nМлади творци поезија:
* категорија од 14 до 17 години, пофалници за учениците Дајана Сиљаноска и Марија Петреска13084057_10209229280078796_1587869018_nМлади творци проза:
* категорија од 14 до 17 години, ученичката Анастасија Крстаноска – пофалница
* категорија од 14 до 17 години, ученикот Сергеј Костовски – диплома за второ место13081804_10209229255518182_719214001_n
* категорија од 18 до 21 година, ученичката Наталиа Наумоска – диплома за второ место
Македонска лирска поезија:13082004_10206335397920941_1904846017_n
проф. Перчо Божиновски – прво место, диплома за најубава лирска песна. 13059367_10209229219717287_88438805_nИ во иднина учениците заедно со менторот ќе продолжат да го негуваат убавиот пишан бор и грижата кон македонскиот литературен јазик и литература.