18 ОКТОМВРИ 2016 – ПАТРОНЕН ПРАЗНИК

18 ОКТОМВРИ 2016 – ПАТРОНЕН ПРАЗНИК

Свечено одбележување на патрониот празник – 18 Октомври. Почит кон Патронот и положување свежо цвеќе. Свечен коктел со различна гастрономска понуда подготвен и послужен од страна на учениците под менторство на стручните професори. _rex0031Директорката Весела Темјаноска во своето обраќање пред колегите и гостите кои пристигнаа на свечениот коктел рече дека чествувањето на патронот е потсетување на дел од нашето минато. Големите борци и херои како што е Ванчо Питошески треба да се споменуваат, да се чествуваат и да бидат наши водилки низ животот, додадае таа.  Со одбележувањето на нашиот патронен празник го одбележуваме и постојаниот растеж на ова училиште._rex0003
„Гордост и чест е да се биде дел од овај колектив кој постојано и неуморно го гради ова училиште кое не само што образува и воспитува. Овде се создаваат компетентни стручни млади кадри, подготвени да одговорат на современите барања на угостителството и туризмот  да се вклучат и да дадат свој придонес во туристичкиот развој на Охрид и пошироко“.  _rex0030Директорката зборуваше и за многубројните учества на домашни и меѓународни натпревари од каде учениците се враќаат со голем број награди, но и со скапоцени искуства кои понатаму можат да ги применат.
_rex0028Во рамките на одбележувањето на патрониот празник презентација на наградените трудови на учениците од одржаните натпревари, организирани спортски игри, турнири во мал фудбал, ракомет и кошарка, како и хуманитарна акција за „Недела против гладта“. 14681808_1264803390274244_4953329195398526219_nНека ни е честит Патронот!