8 МАРТ: ПОДАРИ ЦВЕТ – РАЗУБАВИ СВЕТ

8 МАРТ: ПОДАРИ ЦВЕТ – РАЗУБАВИ СВЕТ

По повод 8 Март – Денот на жената, под мотото ,,Подари цвет – разубави свет” учениците традиционално ги посетија припадничките на понежниот пол во Здружението на пензионери од Охрид.

о

Учениците беа дел од креативна работилница, во која изработија цвеќиња од хартија, приготвија вкусни колачи и десерти и им го честитаа празникот со стиховите од поетот Гане Тодоровски:

,,Жената е… жената е …

вита ива миризлива,

мека трева што подгрева,

боцкав венец крај кладенец,

мрава, сешто што преправа,

кревко птице назимниче,

тивка соба во злодоба,

прва љуба до прељуба,

свила што се распостила,

лето в сенка засолнето,

утро в сина виделина…п