21 март – Ден на екологија и Светски ден на поезија
По повод 21 март – Ден на еколошката акција на младите на Р. Македонија, како и Светскиот ден на поезијата, во училиштето се организираа низа активности за учениците и вработените: 
Расчистување на училишниот двор, уредивање на училниците и кабинетите, засадување садници, читање поезија на теми поврзани со екологијата, со што симболично беше означен почетокот на пролетта.
Активностите ќе продолжат и понатаму со цел поттикнување еколошка и естетска свест кај младите.


