Лидер на струка 2019/2020
Учениците од ОУТУ”Ванчо Питошески” постигнаа високи резултати на шестиот државен натпревар “Лидер на струка” 2019/2020 што се одржа на 06.12.2019година во Скопје во организација на Министерството за образование и наука и Центарот за средно стручно образование.
На овој натпревар учествуваат ученици од завршните класови од угостителско-туристичката струка.
Натпреварувачкиот дел се состоеше од писмен тест и практична задача соодветна за образовниот профил од угостителско-туристичката струка, каде учениците ги покажаа стекнатите знаења и вештини.
Учениците од ОУТУ ,,Ванчо Питошески” на овој натпревар постигнаа завидни резултати и тоа:
- Качакова Марија- хотелско-туристички техничар, освоено I место, под менторство на професор Јелиз Караман Бешир
- Стефан Аврамоски- готвач, освоено I место, под менторство на професор Војо Ангелоски
- Џабир Далипоски- угостителско-туристички техничар,освоено II место, под менторство на професор Блаже Јорданоски
- Христина Христова-келнер,освоено II место, под менторство на професор Зоран Нанески
Упатуваме честитки до учениците и менторите со желби за понатамошни професионални успеси.





