1,5 ТОНИ РИБНА ЧОРБА ЗА ДЕНОТ НА РИБАРИТЕ

1,5 ТОНИ РИБНА ЧОРБА ЗА ДЕНОТ НА РИБАРИТЕ

Во рамки на манифестацијата Денот на рибарите која ќе се одржува на 20-ти јануари на празникот Свети Јован Крстител и оваа година се подготви традиционалната рибна чорба.

Чорбата се подготвува во голем казан, кој беше поставен на градскиот плоштад. За подготовката на овој специјалитет се задолжени професорите и учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“. За подготовка на чорбата набавени се 400 килограми риба, 70 килограми морков, 20 килограми целер, 25 килограми пашканат, 10 килограми кромид, 100 литри масло, 60 килограми брашно, како и сите останати потребни намирници и зачини.

Подготвени се околу 1,5 тони чорба или околу 5000 порции, кои се послужени на присутните гости на манифестацијата. Дел од подготвената чорба е доставена и до социјално ранливите семејства од градот.