“Од срце за САНДРА”
Од страна на “ОУТУ Ванчо Питошески”-Охрид, се одржа хуманитарна акција “Донирај, биди хуман за САНДРА!!!”. Учениците од образовниот профил Готвач подготвија разни пекарски производи, а учениците од образовниот профил Хотелско туристички техничар приредија штанд на кој ги продаваа производите на Градскиот плоштад кај фонтаната.





