Футсал лига:Две победи и максимални шест бодови за ОУТУ „Ванчо Питошески“
Екипата од ОУТУ „Ванчо Питошески“ прокнижи нови шест бодови на табелата во рамките од втората рунда во футсал лигата за средни училишта.
ОУТУ „Ванчо Питошески“ во првиот натпревар со 3-2 славеше против тимот на ОСУ „Св. Климент Охридски“, додека во вториот со 2-0 го совлада составот на СОСУ Св. „Кирил и Методиј“. Тимот ОСУ „Св. Климент Охридски“ во третиот натпревар од втората рунда подобар беше од екипата на СОСУ Св. „Кирил и Методиј“ со 2-0.
Резултати 2.рунда:
ОУТУ „Ванчо Питошески“ – ОСУ „Св. Климент Охридски“ 3-2
ОУТУ „Ванчо Питошески“ – ОСУ „Св. Климент Охридски“ 2-0
ОСУ „Св. Климент Охридски“ – СОСУ Св. „Кирил и Методиј“ 2-0

