Учениците со работилница за поддршка на лицата со ретки болести
Со едукативна кампања “Ги запознаваме ретките болести”, учениците од ОУТУ “Ванчо Питошески” секој ден од месец февруари се едуцираа за ретките болести, нивната застапеност и ризик факторите.
Под мотото “Животот е сложувалка, да ја составиме заедно”, заедно сплотени се приклучија во кампањата за поддршка на лицата со ретки болести. Преку нивната работилница, со изработување на хамер тие ја подигнаа свеста и упатуваа мотивациони пораки за да пренесат дека помагаат и ја пружат целата нивна поддршка и помош.



