Нека ни е честит Патрониот празник!

Нека ни е честит Патрониот празник!

Почитувани ученици, родители, вработени, почитувани пријатели на нашето училиште,

Денес го одбележуваме Патрониот празник на нашето училиште. Едно поинакво чествување и одбележување на уште едно постоење и растеж. Ден кога со посебна почит и пиетет го споменуваме името на Патронот, Ванчо Питошески. Борецот кој се соочи со предизвиците на своето време и со своето дело го покажа патот кон поубава иднина и вистински човечки вредности. Неговото дело достојно го почитуваме, а неговиот сон гордо го живееме.

Денес минуваме низ тежок период, особено учениците. Пандемијата го промени секојдневието. Училниците се празни, без ученици и без џагор. Носејќи го во себе педагошкиот оптимизам, наставниците успешно се справуваат со новите предизвици на далечинско учење. Користејќи ги сите расположливи човечки, материјални и техничко-технолошки ресурси, нашето училиште успешно ја организира и реализира наставата од далечина. Со многу труд, љубов и флексибилност се остварува мисијата. Образованието е идејата која не води, а желбата за стекнување нови знаења на секоја генерација е во склад со времето и можностите кои ги има.

 Учениците заедно со наставниците и во вакви услови ќе одговорат на животните предизвици. Угостителството и туризмот се нашата определба. Генерациите кои излегуваат од од ова училиште треба да бидат вистинските промотори на нашиот град и нашата земја. Да истраеме во оваа битка и што поскоро да се вратиме во училишните клупи.

 Нека ни е честит Патрониот празник!

 Директор Марјан Радески