НАЈВИСОКИ РЕЗУЛТАТИ ВО „ЛИДЕР НА СТРУКА“

НАЈВИСОКИ РЕЗУЛТАТИ ВО „ЛИДЕР НА СТРУКА“

Согласно планираните активности од Програмата за работа на Владата на Република Македонија (2014 – 2018) на 28.11.2014 година во Скопје се реализираа меѓуучилишни активности за избор на најдобар ученик – Лидер во струката од завршните години во стручното образование во Република Македонија.

lideri-vo-struka-2

Натпреварите се одржаа во СУГС „Лазар Танев“ – Скопје со цел да се покажат, докажат, вреднуваат и рангираат знаењата, умеењата, вештините, способностите и вредностите (компетенциите) на учениците по стручните предмети во рамките на угостителско-туристичката струка односно одделен образовен профил (келнер, готвач и хотелско-туристички техничар).

 

Ученикот Филипче Србиноски под менторство на професорката Марија Ристеска, го освои првото место на државно ниво во рамките на образовниот профил – келнер со што се здоби со диплома – Лидер на струка. Резултатот е благодарение на големото искуство, напорот и вложениот труд на менторот и спој со сопствената желба на ученикот за докажување во сите критериуми на највисоко ниво почнувајќи од униформираноста, личната и работната хигиена, правилниот избор на опрема и инвентар, составувањето на карти за избор на угостителска услуга, стручна изведба при сервирање и послужување како и објаснување на извршената работна задача.

 

lideri-vo-struka-3На натпреварот во рамките на образовниот профил – готвач своите применети техники при работа т.е. вештините при работењето, правилниот избор и искористувањето на намирниците како и сервирање и декорација, ги покажаа учениците Илјас Ибраим којшто го освои 4 место, додека пак Даниел Здравески – 7 место на државно ниво. Во целиот тој процес беа насочувани од менторот – професорот Блаже Јорданоски.

 

Забележителни резултати покажаа и учениците коишто се натпреваруваа во рамките на образовниот профил хотелско-туристички техничар. Тие ги докажаа љубезноста, професионалноста и снаодливоста како свои комуникациски вештини преку способноста за решавање на одредена ситуација како договор за алотман, договор за фиксен закуп, договор за патување, договор за превоз, фактура за поединец или за група гости, хотелска сметка и рецепциски лист.

 

lideri-vo-struka-4

Во голема конкуренција тројцата претставници се пласираа меѓу првите 10 ученици на државно ниви. Па така ученикот Наум Јакимовски го освои високото 3 место, додека пак учениците: Филип Блажески – 6 место, и Андреј Кацеминовски – 9 место. Ментор им беше професорката Јелиз Караман-Бешир.

 

 

Учениците и нивните ментори како претставници на Училиштето уште еднаш покажаа дека високиот пласман и одличните резултати се нивна одлика. Тие се задоволни од постигнатиот успех бидејќи за нив е важно стимулирањето на иновативниот и претприемачкиот дух кај учениците нивно откривање, поттикнување и промовирање како надарени за одредената област и нивно прогласување „Лидер во струката“ а со тоа јакнење на соработката со социјалните партнери од угоститеско-туристичката струка и нивна успешна кариера на пазарот на трудот.

lideri-vo-struka-6 lideri-vo-struka-1 lideri-vo-struka-5