ВИЦЕШАМПИОНИ ВО ФУТСАЛ
Согласно календарот за натпревари во учебната 2014/2015 година на 4.12.2014 со почеток во 10 часот, во спортската сала „Христо Узунов“ во Кичево се одржаа спортските натпревари во футсал. Како победник на општинскиот натпревар екипата на ОУТУ „Ванчо Питошески“ се здоби со право за учество на зонскиотнатпревар и е вицешампион на регионалното првенство во футсал за учениците од средните училишта во западниот дел на Македонија.

Резултатот од финалето 2:2, по продолжението 3:3, за на крајот пеналите да го решат победникот. Со спортски поздрав кон нови успеси. Честитки!

