Прво место за проектот „Поддршка на иницијативи предводени од младите за заштита и одржлив развој на Светското наследство на УНЕСКО и Охридско Езеро“ за учениците од тимот ОХРИД ЗА СИТЕ од РЦСОО „Ванчо Питошески” – Охрид

Прво место за проектот „Поддршка на иницијативи предводени од младите за заштита и одржлив развој на Светското наследство на УНЕСКО и Охридско Езеро“ за учениците од тимот ОХРИД ЗА СИТЕ од РЦСОО „Ванчо Питошески” – Охрид

🥇 Учениците на тимот ОХРИД ЗА СИТЕ од РЦСОО „Ванчо Питошески” – Охрид под менторство на проф. Славко Даскалоски на ниво на средни училишта на Општина Охрид освоија Прво место за проектот „Поддршка на иницијативи предводени од младите за заштита и одржлив развој на Светското наследство на УНЕСКО и Охридско Езеро“.

Од тимот „Охрид за сите“ од РЦСОО „Ванчо Питошески“-Охрид се залагаа за спречување на проблемот со отпадните води и за подигнување на свеста кај граѓаните , да не го загадуваат Охридското езеро . Од нашето училиште имаше уште два тима кои работеа на проекти од кои едниот за стариот дел на Охрид, а другиот за дивите депонии.

✅ Преку оваа работилница покрај свесност за природното и културното наследство на Охридскиот регион учениците развија и тимска работа и менаџерски дух за справување со такви проблеми.👉 Проектот е реализиран од Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во рамки на Програмата за партиципација со УНЕСКО за 2020 – 2021 година, со средства управувани од страна на Националната комисија за УНЕСКО при Министерството за култура на Република Северна Македонија.