2ри Април-Светски ден на лицата со аутизам

2ри Април-Светски ден на лицата со аутизам

👉 По повод 2ри Април, Светскиот ден на лицата со аутизам, под мотото „Да ги срушиме бариерите за аутизмот заедно“, нашиот Регионален центар даде поддршка, каде училишниот дефектолог заедно со образовните асистенти и учениците се вклучија во кампањата за поддршка на лицата со аутизам.

✔ Се изработи хамер со мотивациони пораки и пораки за подигнување на свеста дека различноста е убава. Основна цел е да изградиме пристапно општество и поддршка во подобрување на животот на лицата со аутизам.

✅ Неизоставен дел е и борбата против дискриминацијата, славењето на разноликоста на општествата и зајакнување на вложувањето за целосно вклучување на луѓето со аутизам во рамките на општеството