Градежните работи за целосна реконструкција на РЦСОО„Ванчо Питошески“-Охрид се во полн ек

Градежните работи за целосна реконструкција на РЦСОО„Ванчо Питошески“-Охрид се во полн ек

📣Градежните работи за целосна реконструкција на Регионалниот центар за стручно образовани Ванчо Питошески во 🇲🇰Охрид се во полн ек‼

Зградата на училиштето како и ученичкиот дом се реновираат со помош на 🇪🇺ЕУ преку проектот ЕУ за Млади. Во рамки на овој проект ќе се реконструираат уште два Регионални центри во Куманово и Тетово.

Зградите на училиштето и домот во Охрид веќе имаат нов покрив, се работи на поставување на нова енергетски ефикасна фасада, целосно се реновираат училниците, кабинетите на наставниците, собите за домување, ќе има нови електрични, противпожарни, компјутерски и топлотни инсталации, нови прозори и врати, соодветни услови за ученици со посебни потреби, нови најсовремени наставни помагала, нов мебел, ново партерно уредување на дворот.

Целта е 🎓учениците на овој регионален центар да добијат модерни услови за учење и престој како и современо образование соодветно на потребите на пазарот на трудот