ЕРАЗМУС + МОБИЛНОСТ (МАКЕДОНСКО-СЛОВЕНЕЧКA СОРАБОТКА)

ЕРАЗМУС + МОБИЛНОСТ (МАКЕДОНСКО-СЛОВЕНЕЧКA СОРАБОТКА)

Во рамките на Еразмус плус програмата за мобилност на средношколци, две недели ОУТУ „Ванчо Питошески“ беше домаќин на пет ученици и еден професор-ментор од партнер училиштето – Центарот за биотехника и туризам од Ново Место – Словенија, во коишто учениците и професорите заедно ги разменуваа искуствата и стекнатите знаења.

erazmus-mobilnost-2 erazmus-mobilnost-1

Готвачите во кабинетот по готварство подготвуваа и сервираа различни видови храна:

DSC_0143 DSC_0158

  • пилешко, свинско и телешко месо
  • јадења на скара, рибина чорба
  • риба на охридски начин
  • селско месо и тавче гравче

19 010 11051058_10206151320091720_1546834271_n

Во кабинетот по угостителско послужување, келнерите: составуваа мени за банкет од протоколарен карактер, кувертираа маси за банкет, фламбираа и послужија банани, кувертираа ресторанска сала по ала карт, се запознаа со винските региони во Македонија како и запознавање и навлегување во светот и тајните на кафето.

erazmus-mobilnost-3 DSC_0202

Преку тимска работа заедно потоа кувертираа маси по ала карт и подготвуваа коктел партија во хотелите „Милениум Палас“, „Ројал“ и „Тино“.

11072091_973583595986040_409729526_n

Хотелско-туристичките техничари практичната настава ја изведуваа во хотел и туристичка агенциија: се запознаа со туризмот и хотелските услуги, агенциското работење, со различната култура и различните методи за работа за составување на туристички аранжман, составување договори од областа на туризмот како и запознавање со промотивните материјали за охридскиот регион.

11072212_10206151319491705_1758937892_n

По наставата беа организирани еднодневни посети за запознавање на културно-историското наследство и природните реткости и убавини на градот Охрид: манастирскиот комплекс „Св. Наум Охридски“ и наколното живеалиште „Залив на коските“, охридската чаршија, печатницата, оригиналните охридски бисери, Стариот дел од градот, возење со катамаран по Охридското езеро, охридската винарија како и посета на театарска претстава.

10947754_10206151320771737_1050516469_n

За време на викендите еднодневните екскурзии во Крушево, Битола, Ресен, Македонски Брод, Струга и Вевчани имаа рекреативен и едукативен карактер. Двете училишта за многу кратко време, повторно ќе се сретнат на меѓународниот натпревар „Гатус 2015“ во Македонски Брод.

erazmus-mobilnost-4На крајот се одржа македонско-словенечки коктел на којшто беше истакното огромното задоволство и успехот на оваа плодна соработка на двете партнер училишта, преку доделување на сертификатите, со желба за што поголеми успеси како и посета на Словенија во рамките на проектот Еразмус плус.

11081819_976715179006215_80404583_n 19 039 11081819_976715179006215_80404583_n

11082853_10206205978898156_202563737_n 11081675_10206205980818204_1429985726_n 11079745_10206205979658175_2087034319_n 11081763_10206205977498121_684968855_n