ШАМПИОНИ ВО ФУДБАЛ НА ОПШТИНСКИОТ НАТПРЕВАР

ШАМПИОНИ ВО ФУДБАЛ НА ОПШТИНСКИОТ НАТПРЕВАР

Согласно календарот за натпревари во учебната 2014/2015 година на 2.4.2015 со почеток во 10 часот, на фудбалскиот терен во СРЦ „Билјанини извори“ се одржаа спортските натпревари во голем фудбал.

3 1

Во конкуренција на четирите општински средни училишта, првото место го освои екипата на ОУТУ „Ванчо Питошески“ под менторство на професорите Љубе Мешкоски и Тони Андрески и тренерот на фудбалската академија Гоце Толески.

Тие во полуфиналето беа подобри од учениците од СОУ „Св. Климент Охридски“, додека пак во финалето ја совладаа екипата од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“.

6 4

Како победник на општинскиот натпревар екипата на ОУТУ „Ванчо Питошески“ ќе учествува на зонскиот натпревар на 14.4.2015 во Кавадарци, на регионалното првенство во голем фудбал за учениците од средните училишта во западниот дел на Македонија.

2 3

Со спортски поздрав кон нови успеси. Честитки!