Потпишан договор за соработка со училиште од Врњачка Бања
Државното средно училиште Регионален центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ – Охрид и Средното угостителското-туристичко училиште со ученички дом од Врњачка Бања на ден 29.03.2024 година потпиша договор за соработка.
Соработката предвидува размена на ученици и наставници, реализација на практична настава како и запознавање со нова култура и обичаи.








