Гостување во емисијата „Качамак“ на ТВ Сител
Дел од учениците и дел од наставниот кадар по стручни предмети од РЦСОО “Ванчо Питошески”- Охрид гостуваа во емисијата „Качамак“ на ТВ Сител.
Ги претставија образовните профили од угостителско-туристичката струка што се изучуваат во нашето училиште и ги презентираа освоените награди.
Учениците подготвија дел од специјалитетите карактеристични за градот Охрид:
тресена пастрмка
охридски чомлек
ладни предјадења
пекарски производи
десерти
коктели (еден бисер, ohrid sunset, kadmo sunset…)