Размена на ученици во средното угостителско-туристичко училиште од Врњачка бања
Во период од 27.06 до 03.07.2024 ученици од РЦСОО„Ванчо Питошески“ беа на размена на ученици во средното угостителско-туристичко училиште од Врњачка бања, училиште со кое е склучен договор за соработка.
Феријалната практична настава учениците ја изведуваа во ресторантот кој е во склоп на самото училиште.
Покрај феријалната пракса учениците учестуваа и во рекреативните активности:
– планинарење на планината Гоч
– посета на етко село и винарија во Александровац
– посета на еден од хотелите во Врњачка бања и разговор со менаџментот и вработените

















