Потпишан договор и презентација на проект на церемонијален настан „Запознајте ги Суперучилиштата“
На ден 20.09.2024 година во „Europe House“- Скопје на церемонијален настан „Запознајте ги Суперучилиштата“ во огранизација на Regional Youth Cooperation Office- RYCO, се одржа презентација на проекти и потпишување на договор.
Станува збор за програма на размена, која овозможува учениците да стекнат нови искуства и да запознаат различни култури и да спроведат заеднички активности со нивните врсници од Западен Балкан.
Во програмата се опфатени 15 средни училишта од државата кои ќе реализираат заеднички проекти со партнерските училишта од регионот.
Координатор на овој проект е психолог Даница Скрческа.





