Официјално започнува со работа Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“

Официјално започнува со работа Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“

Денес, официјално започнува со работа Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“, кој со реновирање започна во 2022 година. Со реконструкцијата се извршија следните градежни зафати во вредност од 1.7 милиони евра, каде што инвеститор е Министерството за образование и наука:

– Промена на азбестниот кров со нов лимен 2300 m2

– Промена на подови 1720 m2

– Енергетско ефикасна фасада 4980 m2

Нова електро водоводна, одводна и атмосферска инсталација

– 296 нови врати, прозорци, портали

– Обработени молерисани ѕидови 5500 m2

– Соларен систем со 24 панели кој обезбедува 4000 l топла вода

– Партерно уредување 3230 m2 бекатон

– Партерно осветлување 34 големи и 66 мали канделабри

– Реновирани 40 соби и тоалети во ученичкиот дом, нова читална

– Инсталиран противпожарен апарат

– Озвучување на училиштето и ученичкиот дом

За краток рок пристигнува нов мебел (клупи, столчиња, табли, плакари) и угостителска опрема за кабинетите по практична настава