Во Осијек се одржа 12-тиот меѓународен натпревар на ученици од угостителско-туристички училишта (GАTUS 2024).

Во Осијек се одржа 12-тиот меѓународен натпревар на ученици од угостителско-туристички училишта (GАTUS 2024).

Во период од 5ти октомври до 8ми октомври се одржа 12-тиот меѓународен натпревар на ученици од угостителско-туристички училишта (GАTUS 2024).

На натпреварот учествуваа 12 училишта од поранешните југословенски републики:

– Охрид (Македонија)

– Марибор, Ново Место и Радовљица (Словенија)

Бања Лука и Приједор (Босна и Херцеговина)

– Белград и Смедерево (Србија)

– Опатија, Осијек и Сплит (Хрватска)

– Бар (Црна Гора)

Домаќин на натпреварот беше угостителско-туристичката школа Осијек- Република Хрватска.

Учениците се натпреваруваа во следните дисциплини:

✔︎ готварство,

✔︎ угостителско послужување и

✔︎ подготовка на тридневен туристички аранжман.

Учениците од РЦСОО ,,Ванчо Питошески” – Охрид освоија два бронзени и еден сребрен медал во следните дисциплини:

ГОТВАРСТВО 🥉

– Валентин Матоски

– Павел Илијовски

– Михаил Гулабовски

ментор: Војо Ангелоски

УГОСТИТЕЛСКО ПОСЛУЖУВАЊЕ 🥉

– Теона Талевска

– Контантин Мурговски

– Јован Андов

ментор: Васил Талевски

ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАН 🥈

– Петар Ѓорѓиев

– Вероника Ѓуракова

– Габриела Ѓореска

ментор: Марија Ѓорѓиоска

На учениците и менторите им беа доделени сребрени и бронзени дипломи.

За сите учесници беше организирани едукативни излети во Копачки Рит и презентациско-едукациски центар Тиквеш.

Домаќин на следниот натпревар ГАТУС 2025, ќе биде градот Бар, Црна Гора.