Патронен празник на училиштето

Патронен празник на училиштето

Во просториите на РЦСОО„Ванчо Питошески“- Охрид , на ден 18.10.2024 година беше одбележан патрониот празник на училиштето.

Свеченоста започна со полагање на цвеќе пред споменикот на Ванчо Питошески во училишниот двор од страна на претставници од училиштето предводени од директорот Марјан Радески, претставници од Општина Охрид предводени од заменик градоначалничката Ана Крстеска , како и претставници од фамилијата Питошески.

Директорот со своето обраќање им го честита патрониот празник на учениците и вработените, каде што на учениците и менторите кои учествуваа на 12-от меѓународен натпревар „ГАТУС 2024 “ и освоија еден сребрен и два бронзени медали им додели благодарници, како и признанија на вработените кои имаа јубилеј од 20, 30 и 40 години работен стаж.

Во рамките на одбележувањето, во просториите на училиштето беше приреден свечен коктел подготвен од учениците во РЦСОО„Ванчо Питошески“.