Нова урбана опрема поставена во училишниот двор

Во училишниот двор на нашиот Регионален центар за пример беше поставена нова урбана опрема составена од:
– 2 маси за шах
– 3 клупи
– 2 паркинг-конструкции за велосипеди и
– 6 канти
Целокупната опрема е финансиски поддржана од Министерството за образование и наука.
Продолжуваме со оплеменување на нашето училиште во корист на учениците.



















